Скип од Тотенхем замина во Лестер

Скип од Тотенхем замина во Лестер

пред 1 месец

Фудбалерот на Тотенхем, Оливер Скип се сели во Лестер во трансфер вреден околу 20 милиони фунти, објави британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.

Скип (23) потекнува од фудбалската академија на Тотенхем, дебитираше за првиот тим во октомври 2018 година, одигра 77 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.

Лекарските прегледи се закажани за денеска, пред натпреварот на двата тима во Премиер лигата, од 21.00 часот во Лестер.

Скип ќе биде петтото засилување на Лестер ова лето, кој оваа сезона се врати во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top