Словенката Тамара Зиданшек стана првата Словенка која стигнала до четврт-финале на Ролан Гарос, откако го надмина спориот старт за 7:6(4)/6:1 победа над Романката Сорана Кирстеа.
23-годишната Зиданшек, која е 85. на ВТА листата досега го немаше минато второто коло на еден гренд слем, додека во Париз немаше ниту една победа, а во првото коло стигна до првата победа над топ 10 тенисерка, совладувајќи ја Канаѓанката Бјанка Андреску.
„Мислам дека двете бевме нервозни пред мечот, но тоа е нормално. Ми беа потребни неколку гема да се смирам. Потоа во тај-брејкот се борев за секој поен“, вели Словенката, која сега ќе игра со подобрата од дуелот помеѓу финалистката од 2019, Маркета Вондроушова од Чешка и Шпанката Паула Бадоса.
Во четврт-финалето е и Русинката Анастасија Пављученкова, која по спориот старт, успеа со 5:7/6:3/6:2 да ја совлада двокрантата гренд слем шампионка, Белорусинката Викторија Азаренка. Награда за ова е можен дуел со Серена Вилијамс, која подоцна игра со Казахстанката Елена Рибакина.