Организаторите на Вимблдон соопштија дека турнирот ќе се одржи наредната година. Вимблдон беше единствениот гренд слем турнир кој не се одржа оваа година поради пандемијата на коронавиурсот. Неофицијалното светско првенство во тенис годинава не се играше прв пат од 1945 година.
„Наш приоритет за 2021 година ќе биде да го организираме турнирот. Активно сме вклучени во планирањето на сценаријата за да го оствариме тој наш приоритет“, рекола извршната директорка на Вимблдон, Сали Болтон.
Таа открила дека се разгледувале три сценарија за турнирот: со публика во полн капацитет, ограничен број на гледачи или турнирот да се игра без присуство на публика.
Минатата година Вимблдон го освои Новак Ѓоковиќ во машка и Симона Халеп во женска конкуренција.