Солскјер мораше да му каже на Роналдо да седне и да молчи!

Солскјер мораше да му каже на Роналдо да седне и да молчи!

пред 3 години

По незгодниот пораз на Манчестер јунајтед во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите со гол во 95. минута на гости кај Јанг бојс се појавија многу критики кон Оле Гунар Солскјер и неговиот стил на менаџирање на тимот, на што се приклучи и неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд.

Солскјер реши да ги извади Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш во 72. минута, по што Роналдо неколку пати скокаше од клупата реагирајќи на одлуките на судијата. Фердинанд, кој останува добар пријател со двајцата поранешни соиграчи и се пофали дека веднаш контактирал со Роналдо по можноста да се врати во Јунајтед, вели дека има само еден тренер во тимот.

„Да бев јас менаџерот, да бидам искрен, ќе му кажев да седне и да молчи. Сфаќам дека со Кристијано е така, ќе кажат, тоа е за навивачите. Кристијано е страствен човек, сака да победува и не може да се возддржи. Дали треба да стои до менаџерот и да дава инструкции? Со неговото искуство е тешко да му се спротиставите “, вели Фердинанд.

Share
Scroll to Top