Сопругата на Тијаго Силва „удри“ по Вернер: Тој не знае да постигне гол

Сопругата на Тијаго Силва „удри“ по Вернер: Тој не знае да постигне гол

пред 4 години

Беле Силва, сопруга на фудбалерот на Челси, Тијаго Силва, во текот на синоќешниот натпревар Реал-Челси, во Лигата на шампионите, на социјалните мрежи жестокот го критикувала напаѓачот Тимо Вернер.

Германецот, во петтата минута, не реализира чиста шанса, во ситуација кога беше сам пред Куртоа.

„Ова е карма. Секоја екипа во која сме, имаме напаѓач кој не реализира чисти шанси. Овој Вернер, како воопшто му е името?“, рекла во првото видео, објавено на Твитер.

Потоа објавила уште едно видео во кое вели.

„Потребен ни е гол, треба да го добиеме натпреварот, но напаѓачите не сакаат да постигнат гол. Не знам зошто не сакаат да постигнат гол“.

Вернер, од доаѓањето во Челси, има голем проблем со реализацијата, но сигурно е дека ваквите коментари на сопругата на Тијаго Силва, можат да ја нарушат атмосферата во соблекувалната на Челси, пред реваншот со Реал.

Share
Scroll to Top