Србија со пресврт ја победи Кина, САД ја декласираа Австралија

Србија со пресврт ја победи Кина, САД ја декласираа Австралија

пред 3 години

Србија и САД ја формираа првата полу-финална двојка на женскиот кошаркарски турнир, на Олимписките игри во Токио. Србинките славеа во дуелот со Кина, додека Американките лесно се справија со Австралија.

Најголемите фаворитки за златниот медал, кошаркарките на САД со 79:55 ја победија Австралија.

Стјуарт постигна 23, Грајнер 15, а Вилсон 10 поени за Американките.

САД немаат пораз на Олимписките игри од 1992 година.

За разлика од овој дуел, четврт-финалето помеѓу Србија и Кина донесе вистинска драма и голем пресврт на Србинките. На крајот актуелните европски шампионки славеа победа 77:70.

Србија одигра перфектна последна четвртина, во која влегоа со минус од девет поени. На крајот решавачкиот период го добија со 28:12, за конечен триумф.

Васиќ со 16 поени и 10 скока и Дабовиќ со 13 поени и 6 асистенции ја предводеа Србија до победата.

Полу-финалето САД-Србија ќе се одигра на 6.август.

Фото/FIBA

Share
Scroll to Top