Големиот борец – Стефан Ристовски ја „закачи“ короната (фото)

Големиот борец – Стефан Ристовски ја „закачи“ короната (фото)

пред 3 години

Македонскиот фудбалски репрезентативец, член на Спортинг Лисабон денеска на социјалните мрежи објави дека е позитивен на вирусот Ковид 19. Ристовски посочи дека и неговото семејство има позитивен тест на вирусот, па сега ќе мора да бидат во изолација.

Пред 24 часа бекот играше меч за Македонија, на Кипар против Ерменија. Претходно, во краток временски период играше од првата минута и против Естонија, но и на историскиот дуел против Грузија, во Тбилиси.

Сепак, Ристовски е во немилоста на тренерот на Спортинг и се шпекулира дека во зимскиот преоден рок ќе ја промени средината.

Стефан на социјалните мрежи напиша:

„Ковид позитивно семејство… Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете сигурни и здрави“.

Share
Scroll to Top