Српскиот селектор Тумбаковиќ: Бог ќе ни помогне против Халанд

Српскиот селектор Тумбаковиќ: Бог ќе ни помогне против Халанд

пред 4 години

Српскиот селектор, Љубиша Тумбаковиќ пред дуелот со Норвешка во Осло во четврток во баражот за пласман на Европското првенство, вели дека верува во Бог и дека Бог ќе им помогне во борбата против еден од највозбудливите напаѓачи на светот, Ерлинг Халанд.

„Ќе направиме сѐ што можеме да ги неутрализираме индивидуалните квалитети на нивните фудбалери. Знаеме каде се слаби и ќе се обидеме да го искористиме тоа. Верувам во Бог и Бог ќе ни помогне да го чуваме Халанд. Норвешка има мала предност бидејќи игра дома“, вели Тумбаковиќ.

Тој, сепак, вели дека повеќе би сакал да го има во нападот Александар Митровиќ пред Халанд.

„Секако, Митровиќ. Но, би било убаво да ги имате двајцата во шпиц“, вели Тумбаковиќ.

Share
Scroll to Top