Иако во минатото застануваше во одбрана на Антоан Гризман, на бугарската легенда на Барселона, Христо Стоичков очигледно му дојде преку глава од формата на Французинот, велејќи дека кога тој е на теренот, Блауграна како да игра со 10 играчи.
Гризман не успеа да се наметне како клучен играч на Барса по големиот трансфер од Атлетико Мадрид, по што дури следуваа обвинувања дека за тоа е виновен Лионел Меси, кој не му давал „простор“ да се адаптира. Сепак, со него се повторува приказната со Филипе Кутињо, уште едно скапо засилување кое не остави печат кај „кулес“ и на Стоичков веќе му е доста.
„Барса секогаш игра со 10 играчи кога Гризман е на теренот. Ако сакаат да успеат во нешто на подолги патеки, тогаш мораат да го продадат Гризман. Брејтвајт и Тринкао се тука, а што прави Гризман?“, вели Стоичков.
?Hristo Stoichkov ao TUDN:
“O Barcelona sempre joga com 10 jogadores quando Griezmann está em campo. Se querem fazer algo a longo prazo, têm de vender Griezmann. Braithwaite e Trincão estão lá. O que ele está fazendo?” pic.twitter.com/tnS2gz3y9m
— Barça News BR (de ?) (@FcbnewsBR) March 11, 2021