Судењето на Рајан Гигс за физички напад на поранешната девојка, Кејт Гревил „колабираше“, откако поротниците не успеаја да донесат одлука, по што на 7 септември ќе има ново сослушување да се утврди дали ќе има ново судење, или случајот ќе биде ставен во мирување.
Поротниците четири дена не можеа да се согласат во судот во Манчестер, во позитивен развој на настаните за Гигс, кој постојано демантираше дека физички ги нападнал Гревил и нејзината сестра Ема.
Експлозивното судење беше постојано следено од страна на британскит таблоиди, со срамно признавање на Гигс дека не можел да оддолее на женската убавина, а на судењето се појави и Сер Алекс Фергусон, кој сведочеше дека Гис секогаш бил „пример за сите“. Гигс се откажа од селекторското место на неговиот роден Велс поради судењето, иако тие се квалификуваа за Светското првенство во Катар.