Суспендирани ВАР-судиите од мечот Уругвај-Парагвај

Суспендирани ВАР-судиите од мечот Уругвај-Парагвај

пред 3 години

Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), ги суспенидарше ВАР –судиите од натпреварот Уругвај-Парагвај.

Уругвај и Парагвај, во петкот, на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, одиграа 0:0, во петтото коло од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Натпреварто го обележа грешката на судиите во ВАР-собата, кога во 23.минута на Уругвајците им поништија регуларен гол.

Луис Суарез, постигна гол за Уругвај, помошникот го крена знаменцето, а ВАР-судиите ја потврдија неговата одлука. На снимката јасно се забележува дека Суарез се наоѓа во регуларна позиција.

По мечот, капитенот на Уругвај, Диего Годин, одлуката на судиите ја нарекол „срам за фудбалот“.

24 часа по завршувањето на натпреварот, КОНМЕБОЛ, објави дека поради „сериозна грешка“, на неодредено време ги суспендирале главниот судија во ВАР-собата, Николас Гаљо и неговиот помошник Мигел Роланд.



Share
Scroll to Top