Саул: На Чоло му должам се, поради Чоло заминав од Атлетико

Саул: На Чоло му должам се, поради Чоло заминав од Атлетико

пред 3 години

На три минути пред полноќ, Саул Нигез, го реализираше трансферот во Челси. Играчот целата досегашна кариера ја мина под команда на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, исклучок е само сезоната 2013/2014 кога како позајмен играч го носеше дресот на Рајо Ваљекано. Саул оваа сезона ќе ја игра како позајмен, а по завршувањето на истата Челси за околу 40 милиони евра ќе треба да го откупат неговиот договор.

Малку недостигаше овој трансфер да не биде реализиран што ќе предизвикаше домино-ефект. Доколку Саул не заминеше во Челси, Атлетико немаше да го донесе Антоан Гризман, а Лук Де Јонг ќе си останеше во Севилја.

„Беше 23.57 часот кога го комплетиравме трансферот. Се чувствував како Де Хеа, си помислив: „Ова нема да помине. Беше долго попладне и долга ноќ“. Сопругата беше нервозна, имавме неколку тешки денови. Не беше лесно да се донесе одлуката“, рекол Саул.

Тој открил зошто решил да го напушти саканиот Атлетико, со кого минатата сезона стана шампион на Шпанија.

„Пред два дена и кажав на сопругата дека ќе останам. Секогаш добро сум се чувствувал во клубот. Единствен проблем беше што не играв на мојата позиција. Мојата глава не можеше да ја прифати новата улога. Во Челси ми ветија дека ќе играм на својата позиција. Ќе видиме како ќе биде. Само поради позицијата во тимот ја донесов одлуката да заминам од Атлетико“.

„Имав неколку разговори со Чоло околу позицијата на која треба да играм. Ова не е од сега, тоа се случува во последните три години. Се мо должам на Чоло, имам одличен однос со него, но кога е во прашање составувањето на тимот тој мора да биде себичен и да размислува за сите во тимот. Тој сметаше дека јас сум му потребен на левата страна, дека тогаш тимот има подобри перформанси. На крајот сите излеговме како победници. Клубот и тренерот го донесоа играчот кого го сакаа, а јас добив можност да се испробам во Премиер лигата. Жал ми што не можев да се простам со навивачите. Да знаев дека ова ќе ми биде последниот ден ќе направев нешто поинаку, ќе им пријдев, ќе им кажев што чувствувам“, заклучил Саул.

Саул Нигез за Атлетико одиграл 340 натпревари, на кои постигнал 43 голови и забележал 20 асистенции.

Share
Scroll to Top