Тајсон му ја изеде „главата“ на Џонс

Тајсон му ја изеде „главата“ на Џонс

пред 3 години

Мајк Тајсон има причини да биде благодарен за Денот на благодарноста, што го покажа со најава за утрешниот меч против Рој Џонс Јуниор (за кој треба да добие околу 10 милиони долари), и тоа го најави со јадење на торта во форма на главата на неговиот противник.

„Ова е мисирка“, најавува Мајк кога ја носи главата, по што откако грицна од увото призна: „Многу повкусно од увото на Ивандер“.

Иако мечот официјално е егизибициски и во осум рунди, најавите дека се забранети нокаутите беа отфрлени од организаторите.

Share
Scroll to Top