Мајк Тајсон ја потврди борбата со големиот ривал Ивандер Холифилд. Борбата ќе се одржи на 29.мај.
Изминатите денови, медиумите шпекулираа дека борбата нема да се одржи, бидејќи Тајсон ја одбил сумата од 25 милиони долари, која му била понудена за оваа борба.
Борбата треба да се одржи во Мајами.
Mike Tyson has declared that the Evander Holyfield trilogy fight is on for May 29th…
[?️ Haute Living] pic.twitter.com/nqggT2cLXn
— Michael Benson (@MichaelBensonn) March 23, 2021
Во минатото Холифилд два пати успеал да го победи Тајсон. Во ноември 1996 година, Холифилд славел со нокаут во 11.рунда, а потоа на 28.јуни 1997 година, Холифилд остана без дел од увото, а Тајсон беше дисквалификуван. Овој меч беше прекинат во третата рунда.