Трипиер им кажувал на пријателите да „лупнат“ пари на трансферот во Атлетико!

Трипиер им кажувал на пријателите да „лупнат“ пари на трансферот во Атлетико!

пред 4 години

Иако Атлетико Мадрид сметаа дека суспензијата од 10 недели кои Киеран Трипиер ја доби за давањето информации на луѓе за неговиот трансфер во шпанскиот клуб, пораките кои тој ги праќал на Ватсап воопшто не го ослободуваат 30-годишниот Англичанец.

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) му даде 10-неделна суспензија, но потврди дека ќе им достави информации на Атлетико за четирите престапи за обложување кои ги направил тој. Трипиер замина од Тотенхем во 2019 и за него беа заинтересирани Јувентус и Наполи, но тој потпиша тригодишен договор со Атлетико.

Во една преписка со пријател на Ватсап, тој е прашан дали да се обложат на неговиот трансфер во Шпанија.

„Сигурно другар! Не ме обвинувај ако нешто тргне наопаку. Не би требало, но да ти кажам“, одговара Трипиер, а подоцна во порака вика: „Лупни ги ако сакаш, другар“. Во друга дискусија тој дури открива детали околу преговорите, тврдејќи дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви не го пушта за дополнителни 500.000 фунти. Тој пријател подоцна ќе се обложи двапати по 22 фунти за трансферот, додека двајца други пријатели ќе се обложат по 300 фунти на трансферот.

Share
Scroll to Top