Трипл-дабл на Леброн, Лејкерси го победија Далас

Трипл-дабл на Леброн, Лејкерси го победија Далас

пред 7 часа

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Далас Маверикс со 124:104, изминатата ноќ во НБА лигата.

Лејкерси до победата ги предводеше ветеранот Леброн Џејмс, кој оствари трипл-дабл со 28 поени, 10 скока и 12 асистенции.

Леброн го забележа 123-ти трипл-дабл во неговата кариера, а на 41 година и 44 дена, Џејмс го сруши рекордот што го држеше Карл Малоун, кој како член на Лејкерси постигна трипл-дабл на 40 години и 127 дена, на 28 ноември 2003 година, во својата последна НБА сезона.

Водечкиот стрелец во историјата на лигата немал трипл-дабл од 1 февруари 2025 година, кога забележа таков учинок во Њујорк.

Покрај Леброн, се истакна Руи Хачимура со 21 поен, а потоа следуваше Остин Ривс со 18 поени, четири скока и шест асистенции.

Кај Далас, Макс Кристи и Наџи Маршал имаа најдобар настап со по 19 поени и четири асистенции, а потоа следуваше Пи-Џеј Вашингтон со 18 поени и четири скока.

Лејкерси беа без словенечкиот бек Лука Дончиќ во овој натпревар.

Тимот од Лос Анџелес е на петтото место на Западната лига на НБА со 33 победи и 21 пораз, додека Маверикс се на 12-то место со резултат од 19-35.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top