Легендата на Рома, Франческо Тоти, за „Газета дело Спорт“, ги открил двата најлоши моменти во кариерата. Се уште се кае за неспортското однесување на натпреварот против Данска, во дресот на Италија и против Интер, во дресот на Рома.
„Удирањето на Балотели и плукањето на Поулсен. Тоа се најлошите работи што сум ги направил. Јас не сум таков. Се уште не ми е јасно како успеав тоа да го направам“, рекол Тоти.