Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј.
Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности во работењето.
На хартија, најлошо мина Челзи, кој ќе мора да плати 20 или 31 милион (во овој момент не е познато која од тие две суми), како и уште 60 милиони условно.
Нивниот ривал од Премиер лигата, Астон Вила, како и „сините“, ја избегна казната од домашното првенство, но не и УЕФА, која им наложи да платат 11 милиони евра како казна, а 15 милиони се условни.
Финансиските проблеми на Барселона исто така продолжуваат. Каталонците ќе мора да платат 15 милиони евра.
Нема крај на проблемите за Лион, кој беше казнет со 12,5 милиони поради извесното исклучување од Лига 1.
Рома беше казнета со 3 милиони, а Хајдук Сплит со 1,2 и тригодишна условна казна.