УЕФА си ги исполни обврските кон Русија

УЕФА си ги исполни обврските кон Русија

пред 2 години

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја обештети Русија за одземањето на финалето од Лигата на шампионите.
Пред финалето на Лигата на шампионите минатата сезона меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, УЕФА донесе одлука да и ја одземе организацијата на натпреварот на Русија поради војната во Украина.

Претставникот на Руската фудбалска федерација, Алексеј Сорокин, откри дека европската куќа на фудбалот морала да им исплати пари.

„Завршени се сите порамнувања со изведувачи кои имале трошоци поврзани со подготовките на натпреварот. Исплатени се сите направени трошоци, затворени се сите сметки, а УЕФА ги исполни сите обврски кон изведувачите кои беа во договорите“, изјави Сорокин за „Спорт-Експрес“.

Веднаш откако и ја одзеде организацијата на финалето, УЕФА ги исфрли Русите од сите клупски и репрезентативни натпреварувања.

Share
Scroll to Top