Узбуна во Мадрид – Варан подготвен да го напушти Реал

Узбуна во Мадрид – Варан подготвен да го напушти Реал

пред 4 години

Реал Мадрид, во наредната сезона може да влезе со комплетно нов дефанзивен тандем. Гласни се најавите дека Серхио рамос ќе го напушти клубот, а според шпанските медиуми истото ќе го направи и Рафаел Варан.

Договорот на францускиот репрезентативец со „кралскиот клуб“ истекува во јуни 2022 година. Клубот, во наредниот период ќе ги интензивира преговорите, со фудбалерот, иако Шпанците тврдат дека негова намера е по 10 години да замине од Мадрид.

Медиумите во Шпанија пишуваат, дека Варан не бил задоволен од се она што се случува во клубот и дека бил подготвен за нова авантура.

Летниот преоден рок е последна шанса кога Реал ќе може да заработи добра сума од трансферот на Варан.

Рафаел Варан е играч на Реал од 2011 година. Со клубот ги освоил сите можни трофеи.

Share
Scroll to Top