УФЦ: Петр Јан дисквалификуван по бруталното колено, Махачев победи со Хабиб во аголот

УФЦ: Петр Јан дисквалификуван по бруталното колено, Махачев победи со Хабиб во аголот

пред 4 години

Рускиот УФЦ шампион во бантам категорија, Петр Јан беше дисквалификуван и ја загуби титулата по нелегален удар со колено на УФЦ 259 против Американецот Алџамајн Стерлинг.

Во четвртата рунда од мечот во Лас Вегас, Јан го удри со колено во главата, додека тој беше на едно колено, што е апсолутно нелегален потег и судијата Марк Смит веднаш го дисквалификуваше.

„Се извинувам и му посакувам брзо опоравување на противникот. Не планирава да направам нелегален удар, но направив грешка и платив за тоа“, напиша Јан на Твитер.

Русинот водеше кај двајца од тројцата судии во тој момент и беше на добар пат да ја одбрани титулата која ја освои против Хозе Алдо минатиот јули.

Неговиот сонародник, Ислам Махачев, во својот прв меч од септември 2019 година со Хабиб Нурмагомедов во аголот, го победи Американецот Дру Добер и веднаш го повика Тони Фергусон на меч. Откако доминираше во текот на целиот, меч, Махачев го примора противникот да се предаде на подог во третата рунда.

Кај дамите пак, Аманда Нунеш покажа дека е најдоминантната фајтерка на својата генерација, откако двократната шампионка ја совлада Меган Андерсон во првата рунда во меч во перо категорија.

Колку беше доминантна Бразилката покажува тоа што мечот траеше само 2 минути и 3 секунди и ова е 12-та победа во низа за Нунеш.

Share
Scroll to Top