Уште еден навивачи инцидент во НБА

Уште еден навивачи инцидент во НБА

пред 3 години

Навивачите во НБА лигата „полудеа“. Во една недела се случија четири инциденти на натпреварите.

Фан на Њујорк Никс го плукна играчот на Атланта Хокс, Тре Јанг, навивач на Филаделфија го гаѓал со пуканки Расел Вестбрук од Вашингтон Визардс, а фан на Бостон Селтикс, фрли пластична флаша во правец на Кајри Ирвинг од Бруклин Нетс.

Овие тројца навивачи добија доживотни забрани за влез во арените во Њујорк, Филаделфија и Бостон.

Истата судбина ќе ја доживее и еден фан на Вашингтон Визардс. Во текот на третата четвртина, на дуелот помеѓу Визардс и Филалделфија, тој влетал на теренот, во истиот момент бил совладан од обезбедувањето.



Share
Scroll to Top