Ф1 го објави календарот со рекордни 23 трки, сезоната почнува во Бахреин на 28 март

Ф1 го објави календарот со рекордни 23 трки, сезоната почнува во Бахреин на 28 март

пред 3 години

Новата Формула 1 сезона ќе има „одложен“ старт откако Австралиското ГП и Кинеското ГП беа поместени поради ограничувањата за патувања поради КОВИД-19, и сега сезоната ќе стартува со традиционално втората трка, Бахреин ГП на 28 март.

Австралија и Кина се меѓу земјите кои имаат најстриктни правила за пристигнување на странци во државата, и поради тоа трката во Мелбурн која требаше да се оддржи на 21 март ќе се оддржи на 21 ноември, додека Кина останува во април, но само ако се сменат „условите“ за пристигнување. На календарот се додава трката во Имола, Италија на 18 април, така што планот останува да има рекордни 23 трки.

„Задоволни сме што можеме да потврдиме дека бројот на трки за оваа сезона останува непроменет. Глобалната пандемија не дозволи на враќање на животот во нормала, но во 2020 покажавме дека можеме да се тркаме безбедно, како прв меѓународен спорт кој се врати во акција“, изјави новиот претседател на Ф1, Стефано Доменикали.

Во 2020 се оддржаа само 17 од 22-те планирани трки, а на дел од патеките се возеа по две трки (Австрија, Британија, Бахреин). Имола, пак, ја оддржа првата трка од 2006 минатата сезона и сега останува заддржана на календарот.

Share
Scroll to Top