Пилотот на Алфа Таури во Формула 1, Пјер Гасли (25) објави синоќа дека е позитивен на Ковид 19 вирусот.
„Моментно сум во изолација и ги следам протоколите кои ги воспоставија локалните здравствени власти. Добро се чувствувам и ќе продолжам со својот план за тренинг и додека сум во изолација“ напиша Гасли на Твитер.
Французинот е шестиот возач во Формула 1 кој е позитивен на опасниот вирус, по Луис Хамилтон, Серхио Перес, Ленс Строл, Ландо Норис и Шарл Леклер.
Новата сезона во Формула 1 почнува на 28 овој месец со трката за Големата награда на Бахреин, па Гасли ќе има доволно време да се опорави.
Во сезоната 2021 францускиот возач ќе биде во тандем со Јапонецот, Јуки Цунодо.