Продолжува војната со зборови на релација Ред Бул-Мерцедес. Причина е инцидентот помеѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, по кој Холанѓанецот заврши надвор од патеката, а потоа беше префрлен и во болница на дополнителни прегледи.
Ферстапен, во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија, рекол дека кога завршил во болница, му се јавиле сите шефови на тимовите, исклучок бил само шефот на Мерцедес, Тото Волф.
„Точное е, Волф не ми се јави. Сите останати ми се јавија или ми испратија порака. Веројатно тоа е нормално. Но исто така нормално е што не ми се јавија луѓето од Мерцедес“, рекол Ферстапен.
На прашањето, дали Волф разговарал со него по пристигнувањето во Унгарија, тој кратко одговорил.
„Не“.
Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози утре со почеток во 15 часот. Во генералниот пласман, Ферстапен има предност од осум поени пред Хамилтон.