Фетел верува дека Астон Мартин ќе биде трет тим во 2021

Фетел верува дека Астон Мартин ќе биде трет тим во 2021

пред 3 години

Себастијан Фетел верува дека ќе се бори за третото место во пласманот на конструкторите со Астон Мартин оваа сезона, бидејќи само Мерцедес и Ред Бул рејсинг се далеку понапред од британскиот тим.

Фетел ќе биде прва ѕвезда на Астон Мартин по шест сезони во Ферари, и се надева дека ќе се продолжи успешниот раст во 2020, кога тимот, тогаш познат како Рејсинг поинт заврши како четврт во генерален пласман зад Мерцедес, Ред бул и Мекларен, но успеа да победи со Серхио Перез.

„Мислам дека болидот изгледа фантастично. За жал, за изгледот не се добиваат поени. Ќе мораме да се бориме за секој поен, но мислам дека може да се забележи дека се работи за успешен болид. Секако, ќе мора да го докажеме тоа на патеката и да го искористиме потенцијалот за во иднина. Тешко е да се поставуваат цели, но ќе дадеме максимум. Мислам дека фаворитите се Мерцедес и нивниот прв предизвикувач Ред бул. Но, мислам дека ние следуваме веднаш зад нив и тоа ќе биде голем чекор напред“, вели Фетел во интервју за „РТЛ“.

Share
Scroll to Top