Фетел: Мислев дека рекордот на Шумахер е недопирлив

Фетел: Мислев дека рекордот на Шумахер е недопирлив

пред 4 години

Себастијан Фетел, четири кратен светски првак во Формула 1, истканла дека не верувал дека рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа никогаш нема да биде надминат. Во неделата Луис Хамилтон победи во Нинбургринг и го израмни рекордот на легендарниот Германец.

„Јасно е дека Луис ќе го надмине рекордот на Шумахер. Секоја чест. Го почитувам неговиот рекорд, особено што мислев дека тој рекорд никој нема да го израмни ниту да го надмине“, рекол 33 годишниот Фетел кој во кариерата победил во 53 трки.

Фетел ги вози своите последни трки за Ферари, од наредната сезона тој ќе биде дел од тимот на Рејсинг Поинт.

Share
Scroll to Top