Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Бахреин

Хамилтон најбрз на првиот тренинг во Бахреин

пред 3 години

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, забележа најдобро време на првиот слободен тренинг пред трката за големата награда на Бахреин.

Хамилтон, кој на претходната трка ја обезбеди шампионската титула, во текот на првиот тренинг возеше 40 кругови, за да ги провери новите пневматици на Мерцедес. Најбрзиот круг на Британецот изнесуваше 1:29.033 минути.

Вториот најдобар резултат го забележа неговиот тимски колега, Валтери Ботас (1:29.482).

Зад возачите на Мерцедес се пласираа Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Карлос Саинц (Мекларен) и Пјер Гасли (Алфа Таури). Шести и седми беа пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Александер Албон.

Вториот слободен тренинг на програмата е од 16 часот.

Share
Scroll to Top