Флик: Алаба убаво да размисли дали е умно да замине од Баерн

Флик: Алаба убаво да размисли дали е умно да замине од Баерн

пред 3 години

Тренерот на Баерн Минхен му порача на неговиот австриски фудбалер Давид Алаба убаво да размисли дали сака да замине од Баварија по несогласувањата околу новиот договор.

Договорот на Алаба завршува следното лето и тој не успеа да се договори за продолжувањето на престојот на „Алијанц арената“ по непријатните преговори по кои беше обвинет дека е алчен за пари. Алаба е веќе 12 години во клубот.

„Тој заврши добра работа против Арминија, Атлетико и Ајнтрахт. За мене е исто како и минатата сезона, тој е гласен, фокусиран на игра и еден од лидерите на нашата одбрана. Нема никаква промена. Не сум загрижен за иднината. Се надевам дека ќе остане во Баерн бидејќи ја знае ситуацијата во Минхен. Тука е забавно да се тренира, да се игра, играме успешен фудбал и потребни ни се најдобрите. Условите за најдобрите се одлични и се надевам дека убаво ќе размисли да го смени тоа“, вели Флик.

Share
Scroll to Top