Околу кариерата на Златан Ибрахимовиќ има испреплетено толку многу митови, анегдоти, чудни работи, необјаснети работи, така што настапот на музичкиот фестивал Санремо можеби беше само една од епизодите. Но, начинот на кој стигна таму, повторно носи една приказна во која би било тешко да се поверува доколку немаше докази.
Ибрахимовиќ пееше заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ на славниот фестивал, но за малку немаше да стигне таму – сообраќајот од Милано до Санремо бил толку густ, што Златан последните 60 километри ги поминал на мотоцикл со еден локален возач, инаку страстен навивач на Милан.
„По три часа во колата, му кажав на возачот да ме пушти, сопрев еден мотоциклист и го прашав дали ќе ме однесе до Санремо. Знам дека звучи неверојатно, и затоа снимив видео, бидејќи немаше да ми верувате“, изјави Златан.
„Радио Монте Карло“ го пронајде мотоциклистот, кој се идентификуваше само како Франко.
„Се враќав дома, и додека бев во гужвата, видов црно комбе. Имаше двајца внатре и еден личеше на Ибрахимовиќ. Си реков, ова мора да е Ибра. Возачот го спушти прозорецот и ме праша: ‘Ибра прашува дали може да го однесеш до Санремо’. Секако! Имав резервна кацига под седиште. Се јавив на сопругата и не ми веруваше дека ќе го возам Ибрахимовиќ. Тој дури сакаше да вози самиот, но јас му кажав дека јас сум возачот. Ми кажа дека ќе ми прати дрес бидејќи сум навивач на Милан“, открива Франко.
60 km in moto per raggiungere @SanremoRai: la clip è su #RaiPlay ➡️https://t.co/YmmduZpfTp
⚡️Il video di @Ibra_official ⤵️#Sanremo2021 @RaiUno pic.twitter.com/l1HHkJ4Fq1— Ufficio Stampa Rai (@Raiofficialnews) March 4, 2021