Хамилтон: Ме ограбија сум во Абу Даби во 2021 година

Хамилтон: Ме ограбија сум во Абу Даби во 2021 година

пред 9 месеци

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон уште еднаш се потсети на последната трка во сезоната 2021 во Абу Даби.

Асот на Мерцедес ја загуби титулата во последниот круг, бидејќи беше претекнат од Макс Ферстапен, по контроверзната одлука на тогашниот директор на ФИА, Мајкл Маси, во моментите кога на патеката беше возилото за безбедност, да му дозволи на Макс да ги заобиколи возачите кои доцнеа цел круг.

Холанѓанецот, со нови гуми, ја искористи ситуацијата и го мина Хамилтон. Од тој момент започна неговата доминација бидејќи тој освои уште две титули после тоа.

„Дали ме ограбија? Јасно е дека ме ограбија. Сите знаете што се случи. Ми помогна тоа што во тој момент со мене беше татко ми, кој ми рече дека морам да ја држам главата горе без разлика на се“, изјави Хамилтон.

Британецот ги опишува моментите по трката.

„Му честитав на Макс, знаев дека сите ме гледаат. Сè уште чувствувам болка кога ја гледам таа трка, но можам да се справам со тоа“.

Share
Scroll to Top