Хансен: Најлуд меч во кариерата, не знам што ми се случи

Хансен: Најлуд меч во кариерата, не знам што ми се случи

пред 4 години

Египет и Данска, вчера одиграа еден од најдраматичните натпревари во историјата на ракометот. Данска, по изведувањето на пенали, успеа да го елиминира Египет во четврт-финалето на Светското првенство.

Натпреварот во Каиро, во регуларниот дел заврши 28:28, а по две продолженија двете репрезентации постигнаа по 35 гола. На крајот, во пенал серијата, Никлас Ландон одбрани два седмерци со што им овозможи на светските шампиони да се пласираат во полу-финалето.

Данците можеа да слават по првото продолжение, но најдобриот играч Микел Хансен направи неверојатна грешка. Откако Египет го намали резултатот на 34:33, Данците имаа 20 секунди за последниот напад. Кога на семафорот останаа уште неколку секунди, судиите досудија пасивен напад.

Во тој момент топката беше кај Хансен, тој наместо да ја спушти на подлогата и да почека да истече времето, ја фрли топката кон десното крило.

Хрватските судии, ги почитуваа правилата, на Хансен му покажаа црвен картон, а Египет доби седмерец и избори ново продолжение.

„Никогаш не ми се случило вакво нешто“, рекол Хансен.

„Десното крило беше отворено, тргнав да ја фрлам топката таму кога беше досуден пасивен напад. Јас сум виновникот, требаше едноставно да ја оставам топката на подлогата. За среќа, на крајот, мојата грешка не ја плативме“.

Данска во полу-финалето ќе игра против актуелниот европски шампион Шпанија.



Share
Scroll to Top