Хауге: Халанд ми кажа да го изберам Милан

Хауге: Халанд ми кажа да го изберам Милан

пред 4 години

Крилото на Милан, Јенс Петер Хауге вели дека ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд му „препорачал“ да потпише за Милан, додека од Златан Ибрахимовиќ добил само една порака – да ужива додека е на „Сан Сиро“.

21-годишниот Норвежанец има одиграно 18 меча за „росонерите“, постигнувајќи два гола откако пристигна од Бодо/Глимт минатото лето.

„Би сакал да придонесам повеќе и да давам повеќе голови. Има многу простор за подобрување. Со Ерлинг се познавае многу добро и зборувавме пред трансферот бидејќи имаше многу заитнересирани клубови. Тој ме тераше да потпишам за Милан, бидејќи таму ќе биде тешко, но добро за мене. Златан ме пречека фантастично. Ми кажа да уживам играјќи за клуб со важна историја“, вели Хауге.

Тој додава дека Халанд би бил „совршен“ за играта во Серија А.

„Бидејќи е силен и моќен, мислам дека Ерлинг би играл добро во Италија“, додава Хауге.

Share
Scroll to Top