Младиот хокеар на Нешвил Предаторс, Лук Прокоп е првиот играч со договор во НХЛ лигата кој јавно објави дека е хомосексуалец.
„Горд сум што можам на сите јавно да им кажам дека сум хомосексуалец“ напишал 19-годишниот Прокоп на друштвените мрежи.
„Конечно ќе можам да вдишам и да издишам и на светот да го покажам вистинскиот јас“ изјавил младиот хокеар за „ЕСПН“.
Најпрво телефонски ги извесил во неговиот клуб.
„Прокоп е храбро момче. Му требало многу храброст. Горди сме на него. Ова е голема приказна и се надеваме дека помага и ги охрабрува и другите кои се во слична ситуација“ велат од НХЛ тимот.