Хонда останува во Мото ГП шампионатот. Ова е потврдено со договорот што го потпишаа Хонда и Дорна. Договорот што го потпишале две страни е за периодот 2022-2026 година.
Хонда, својот пат во светот на мотоциклизмот, го започна во далечната 1954 година. Од 1954 година до денес, моторите на Хонда ги возеле повеќе од 100 возачи, кои забележале 800 победи во сите категории.
Само во кралската класа, Хонда има 25 титули и 800 пласмани на подиумот.