Хорнер: Ако Чеко ги оправда очекувањата ќе остане и во 2025 година

Хорнер: Ако Чеко ги оправда очекувањата ќе остане и во 2025 година

пред 9 месеци

Ред Бул доминира во шампионатот во Формула 1. Макс Верстапен ја освои третата титула по ред, а австрискиот тим две години по ред е најдобар во конкуренција на конструктори.

Ред Бул и во 2024 година влегува со истите возачи, светскиот првк Макс Ферстапен и Серхио Перез.

2024 година е последната година од договорот на популарниот Чеко, а уште во текот на минатата сезона многу се шпекулираше дека во Ред Бул не се задоволни од неговата форма и дека тимот бара замена за Мексиканецот.

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул вели дека во иднина на Перез во тимот ќе зависи од неговиот настап на патеката.

„Ние го имаме луксузот да не брзаме никаде. Чеко е наш возач. Ако направи добра работа следната година, не гледам причина да не ја продолжи соработката во 2025. Мислам дека се е јасно“, изјави Хорнер.

Квалификациите се споменуваат како сегмент во кој Перес треба најмногу да се подобри.

„Јасно е дека во 2023 година често имаше проблеми во квалификациите. Знам дека може подобро и тоа е нешто на што ќе се фокусира“, заклучи Хорнер.

Share
Scroll to Top