Хрватите го отпуштија Јарни бидејќи навива против Динамо Загреб

Хрватите го отпуштија Јарни бидејќи навива против Динамо Загреб

пред 11 месеци

Роберт Јарни повеќе не е селектор на хрватската репрезентација до 17 години. Јарни изјави дека ќе навива за Бетис во дуелот со најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб.

Роберт Јарни во изјава за шпанските медиуми рекол дека Бетис е поквалитетен тим и дека без проблем ќе го елиминира Динамо, во баражот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига.

„Па, за кого ќе навивам? Бетис сепак е мој клуб, таму поминав три прекрасни години, за Динамо никогаш не сум играл. Не знам кој би можел да ме обвини за тоа. Освен тоа, јас сум хајдуковец во срцето“, рекол Јарни.

Веднаш почнаа осудите и заканите на навивачите на Динамо, а капитенот на тимот од Загреб, Бруно Петковиќ го нарече Јарни „кловн“ бидејќи навива против хрватскит клуб во европското натпреварување.

На ова следеше реакција на Хрватскиот фудбалски сојуз кој одлучи да му врачи отказ на Роберт Јарно. Одлуката ја образложија преку соопштение.

„Со едногласна одлука на Извршниот одбор на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Роберт Јарни е разрешен од должноста селектор на хрватската репрезентација до 17 години по непримерни изјави во медиумите.

Извршниот одбор на ХНС го поддржува правото на секој поединец, вклучително и секој фудбалер – вклучително и репрезентативци – да поддржува кој било клуб, дури и против хрватските клубови во Европа, иако таквото размислување не се смета за пожелно.

Сепак, ХНС е со многу јасен став дека повисоки стандарди важат за сите хрватски тренери и дека е несоодветно, непожелно и недозволиво лице на чело на хрватска репрезентација отворено да навива против кој било хрватски клуб во европско натпреварување. Ширење на заедништвото во хрватското фудбалско семејство е услов без кој не може успешно да се води хрватска репрезентација.

Селекторите на хрватските репрезентативци имаат јасна задача да шират единство, соработка, почит и меѓусебна доверба меѓу сите хрватски клубови, па ХНС смета дека ваквата одлука е единствена правилна за да се заштити единството на хрватското фудбалско семејство“.

Share
Scroll to Top