Хрватските ватерполисти победија во дербито со Црна Гора

Хрватските ватерполисти победија во дербито со Црна Гора

пред 3 години

Хрватска ја победи Црна Гора во балканското дерби на ватерполо турнирот во Токио. Хрватите славеа убедлива победа од 13:8.

По шокантниот пораз од АВстралија,Хрватска се врати на победничкиот колосек, додека Црногорците со вториот пораз во првите три кола го компромитираа пласманот во четврт-финалето.

Дербито во најголем дел го реши лошата реализиција во нападот што ја имаа Црногорците. За разлика од нив Хрватите погодуваа секогаш кога им требаше гол.

Клучната разлика Хрватска ја направи во финишот на првата и почетокот на втората четвртина кога од 0:1, со четири гола дојде до убедлива предност 4:1.

Лорен Фатовиќ со три гола беше најефикасен играч на натпреварот.

Во вториот меч од оваа група Шпанија очекувано го совлада Казахстан со 16:4.

Во А-групата, Унгарија ја декласира Јужна Африка со 23:1, додека во дербито Италија со пресврт славеше над САД 12:11.

Share
Scroll to Top