Чистка во Барселона – 14 фудбалери ќе го напуштат клубот

Чистка во Барселона – 14 фудбалери ќе го напуштат клубот

пред 3 години

По уште една неуспешна сезона, челниците на Барселона, во летниот преоден рок подготвуваа честка во соблекувалната. „Мундо Депротиво“, тврди дека по завршувањето на сезоната клубот ќе го нашуштат 14 фудбалери.

Барселона го освои Купот на Шпанија, но овој трофеј е мала утеха за дебаклот во Лигата на шампионите и домашното првенство.

По неуспехот кај Леванте, кога стана јасно дека Барселона остана без шанси да ја освои Ла Лига, клупските челници одлучиле дека на тимот му е потребна целосна реконструкција.

Најголем дел од 14-мината кои се наоѓаат на трансфер листата ќе бидат продадени, а само неколкумина ќе бидат позајмени во други клубови.

Меѓу играчите кои ќе бидат продадени се голманот Нето, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Фелипе Кутињо, Матеус Фернандез (сезонава е позајмен во Ваљадолид), Мартин Брејтвајт, Рики Пуиг, Клеман Ленгле…

Планот на претседателот Џоан Лапорта е тимот да се засили со искусни фудбалери кои во Барселона би пристигнале во слободни трансфери.

Барселона веќе ги договори играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, а и Мемфис Депај се согласил на трансфер доколку Роналд Куман остане во клубот.

Share
Scroll to Top