Манчестер Јунајтед лошо ја започна и оваа сезона. Ерик Тен Хаг се уште нема дефиниран стартен состав, но донесе одлука да клубот да не им понуди нови договори на тројца фудбалери.
Кристијан Ериксен, Џони Еванс и Виктор Линделоф ќе го напуштат „Олд Трафорд“ откако ќе им истечат договорите во јуни 2025 година.
Ериксен доживеа животна и кариерана трансформација во Манчестер Јунајтед. Тој повторно дојде на големата сцена во 2022 година со преселба во еден од двата најтрофејни клуба во Англија, но сепак не одигра онака како што во клубот очекуваа.
Двајца дефанзивци исто така го напуштаат Манчестер Јунајтед. Ветеранот Џони Еванс сепак ќе го напушти клубот на крајот од тековната сезона. Еванс е дете на Манчестер Јунајтед и мина низа години во редовите на „црвените ѓаволи“. Имаше одредена минутажа поради повреди на други стопери, но на Јунајтед му требаат повеќе квалитетни засилувања.
Од истата причина клубот го напушта и Виктор Линделоф. Швеѓанецот дојде од Бенфика во 2017 година и по седум години ќе го напушти клубот. „Црвените ѓаволи“ веќе планираат нови засилувања во дефанзивната линија, а наскоро ќе се врати и повредениот Лени Јоро.