Чудо во Берлин, Фарските острови одиграа нерешено со Норвешка

Чудо во Берлин, Фарските острови одиграа нерешено со Норвешка

пред 10 месеци

Фарските острови, на сензационален начин, го освоија историскиот прв поен на Европските првенства. Фараните против фаворитот Норвешка одиграа 26:26, откако на помалку од 40 секунди до крајот на мечот имаа негатива од два гола. Вечерва, актуелниот шампион Шведска и Данска изборија пласман во следната фаза.

Фарските острови во текот на целиот натпревар беа рамноправен ривал на теренот, осбено во вториот дел кога се играше гол за гол.

Се чинеше дек Норвежаните ја завршија работата кога на три минути пред крајот, благодарение на двете одбрани на Бергеруд, стекнаа предност од три гола (26:23).

Финишот ја режираше една од најголемите сензации во историјата на Европските првенства. Фараните постигнаа два гола, а на 11 секунди до крајот Рајкинд ја загуби топката и направи прекршок за седум метри. Скипаготу погоди за 26:26 и за голема радост на трибините на 5.000 навивачи на оваа репрезентација.

Скипаготу и Расмусен беа најефикасни кај Фарските строви со по пет гола.
Најефикасен кај Норвешка беше Алекснадер Блонц со осум гола, а најдобра беше голманот Торбјерн Бергеруд со 14 одбрани.

Во истиот термин Данска ја победи Грција со 40:28, а Шведска славеше над Грузија со 42:26.

Share
Scroll to Top