Швајцарскиот „Болт“ истрча европски рекорд пред ОИ – има сомнеж за резултатот

Швајцарскиот „Болт“ истрча европски рекорд пред ОИ – има сомнеж за резултатот

пред 3 години

Швајцарскиот спринтер Алекс Вилсон (30) кој има потекло од Јамајка постави европски рекорд на 100 метри. На митингот во Џорџија тој истрча со време 9.84 и за две стотинки го поправи досегашниот европски рекорд на Франсис Обиквелу и Жими Вико.

Се уште се чека одобрување на рекордот затоа што се случи на мал митинг.

Интересно е тоа што најдобриот претходен резултат на Вилсон на 100 метри е 10,08 секунди.

На истиот митинг Вилсон го сруши и швајцарскиот рекорд на 200 метри со време 19,89 што е за 9 стотинки подобар од претхониот.

30-годишникот е роден на Јамајка, а како тинејџер се преселил во Швајцарија каде добил државјанство. Учествуваше на ОИ во Лондон, а во Рио не успеа да се квалификува.

Share
Scroll to Top