Швајцарците поактивни во Баку, но шансата за водство ја имаше Велшанецот Мур

Швајцарците поактивни во Баку, но шансата за водство ја имаше Велшанецот Мур

пред 3 години

Мирни тактички 45 минути одиграа Швајцарија и Велс во вториот меч од Европското првенство. Во азербејџанската престолнина по првото полувреме се уште е активен почетниот резултат.

Иако Швајцарците се поактивни на теренот, топката подолго време е во нивните нозе, сепак не успеваат да го пронајдат патот до мрежата на голманот Вард.

Напаѓачот Сеферовиќ е најактивен во нападот, во 26 минута имаше убав обид да ја затресе противничката мрежа, но неуспешно. Мболо во 45 минута му спушти една топка на Сеферовиќ на десетина метри, но топката заврши високо над противничкиот гол.

Швајцарија изведе дури 7 корнери во првиот дел, но Велшаните се сигурни во воздушните дуели.

Иако Герет Бејл и другарите имаа малку можности во шеснаесетникот на Сомер, сепак најдобрата прилика за водство ја пропушти вешкиот репрезентативец Мур. Во 15 минута од мечот одлично биеше со глава под пречката, но голманот Сомер со крајни напори ја исфрли топката во корнер.

Швајцарија на 4 меча на големите натпреварувања со островски репрезентација од Велика Британија има 3 порази и едно реми, со Англија 1-1.

Share
Scroll to Top