Шенгун спречи сензација – Турција „на мускули“ ја победи Шведска

Шенгун спречи сензација – Турција „на мускули“ ја победи Шведска

пред 5 часа

Кошаркарската репрезентација на Турција се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот откако ја победи Шведска во осминафиналето со 85:79.

Кошаркарите на Турција се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство по драматичната победа над Шведска, до која стигнаа по голем пресврт.

Скандинавците имаа предност од пет поени на полувремето (42:37), но избраниците на Ергин Атаман го отворија второто полувреме фуриозно.

Со серија од 14:0, Турците целосно го сменија текот на натпреварот и за прв пат стигнаа до двоцифрена предност (61:50), која потоа ја задржаа (63:53).

Сепак, Швеѓаните не се предадоа, на две и пол минути пред крајот успеаја да израмнат на 76:76. Тогаш дојдоа до израз офанзивните скокови на Турција, со неколку ситуации во кои судиите толерираа цврста игра под кошот.

Клучниот моментсе случи на 50 секунди пред крајот, кога Алперен Шенгун, по две промашени слободни фралња на противникот, постигна поениа 82:76.

Турција ќе се сретне со победникот од натпреварот помеѓу Полска и Босна и Херцеговина во четвртфиналето.

Најзаслужен за победата беше Алперен Шенгун со импресивен настап – 23 поени, 16 скока (од кои девет офанзивни) и шест асистенции, и покрај тоа што немаше одличен почеток на овој натпревар.

Чеди Осман додаде 17 поени, додека Ерџан Османи додаде 14. На другата страна, Хакансон ја предводеше Шведска со 16 поени, Ларсон постигна 15, а Биргандер постигна 14.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top