Барези: Ибра е на нивото на Ван Бастен и Гулит

Барези: Ибра е на нивото на Ван Бастен и Гулит

пред 3 години

Поранешниот капитен на Милан, а од неодамна и почесен потпретседател, Франко Барези вели дека „неверојатниот“ Златан Ибрахимовиќ може да се мери со големи имиња на „росонерите“ како Руд Гулит и Марко ван Бастен.

„Неверојатно е тоа што може тој да го направи и што носи во составот. Ментално уште е 20-годишник! Ван Бастен и Гулит ја имаа таа физичка сила, тој карактер и таа способност да направат промена во тимот. Физички е топ, ментално воодушевува и тој е единствениот кој ќе каже кога е доста со фудбалот“, вели Барези во интервју за „Скај спортс“.

Тој додава дека е важно луѓе како Паоло Малдини да останат во клубот, бидејќи клуб со толку славна историја мора да ја почитува.

„Важно е да има луѓе како нас во клубот, за да се потсетиме на историјата. Тие кои ќе дојдат ќе ги видат освоените титули и ќе ја сфатат вредноста на клубот. Паоло беше фантастичен фудбалер и како директор ги покажува своите квалитети. Тој е минатото на клубот, но сега е и иднината. Треба да го почитуваме за тоа што го дава за својот клуб“, вели Барези.

Share
Scroll to Top