Шериф Тираспол стана првиот клуб од Молдавија кој ќе игра во групната фаза на Лигата на шампиони, откако на гостувањето на „Максимир“ кај Динамо Загреб, ја заддржаа предноста од 3:0 од првиот меч, одигрувајќи 0:0 за историски успех.
Ова исто така значи дека Македонија ќе има уште еден фудбалер во групната фаза во ЛШ, откако Бобан Николов неодамна потпиша договор со Шериф.
Во групната фаза ќе им се приклучат и Ред Бул Салцбург од Австрија, кои и вторпат ги победија Брондби, додека последниот патник во групната фаза ќе биде познат по продолженијата и евентуалните пенали, откако Монако победи на гости кај Шахтјор Доњецк со 2:1, но бидејќи првиот меч дома го загубија со 1:0, а веќе не важи правилото „гол-во-гости“, следува борба во дополнителни 30 минути.
Висам Бен Једер во Харков постигна два гола во 18. и 39. минута за да ја поништи предноста на Шахтјор, но редовниот учесник во групната фаза на ЛШ, намали на 1:2 преку Марлос во 76. минута од мечот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ
Брондби (Дан) – Ред Бул Салцбург (Авт) 1:2, прв меч 1:2, вкупно 2:4
Динамо Загреб (Хрв) – Шериф Тираспол (Мол) 0:0, прв меч 0:3, вкупно 0:3
Шахтјор Доњецк (Укр) – Монако (Фра) 1:2, прв меч 1:0, вкупно 2:2