Тимот Хас, во новата сезона влегува со двајца нови возачи, синот на легендарниот Михале Шумахер, Мик и Никита Мазепун.
Покрај Шумахер јуниор и Мазепин, во Формула 1 сезонава ќе дебитира и Јапонецот, Јуки Цунода.
„Без влакна на јазикот“, шефот на Алфа Таури, Франц Тост, говорел за младите возачи.
„Има неколку млади возачи кои навистина се добри. Покрај Мик и Јуки, тука е и Роберт Швацман. За нив тројца имам високо мислење, тие се иднината на Формула 1“, рекол Тост и продолжил.
„Мазепин? Ќе бидам дрзок и ќе кажам дека не можете крава да претворите во тигар, бидејќи се зависи и од тоа колку е некој паметен кога ќе седне во болидот“.
Мазепин, пред неколку месеци предизвика скандал кога објави видео, во кое тој седи напред на совозачкото место со девојката заед него, по што тој ја пружа раката и ја фаќа за градите. Девојката го одбива овој потег и му покажува среден прст.
Хас му го простија ова, бидејќи еден од главните инвеститори во овој тиме е неговиот богат татко.
Новата сезона ќе започне од Бахреин на 28.март.