Шкендија испадна по пенал-драмата против Хаверфордвест

Шкендија испадна по пенал-драмата против Хаверфордвест

пред 1 година

Шкендија не успеа да се квалификува во второто коло во Конфренциската лига на УЕФА, откако прво велшкиот клуб Хаверфордвест ја надолни негативата од 1:0 по 90 минути игра, за потоа по двете продолженија да стигне до 4:2 победа на пенали.

Шкендија имаше доминација во играта со над 60 отсто посед на топката, меѓутоа не успеа да пронајде пат до голот на домаќините, пред во 89. минута Ли Џенкинс да постигне гол за анулирање на предноста на Шкендија.

Во продолженијата немаше голови, пред Шкендија да има вистински кошмар во пенал-серијата, со три утнати пенали за елиминација, оставајќи ги Шкупи и шампионот Струга како единствени претставници на Македонија во европските купови.

Фото: ФК Хаверфордвест

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top