Шок во Италија – Милан и Интер се на продажба?

Шок во Италија – Милан и Интер се на продажба?

пред 3 години

Италијанскиот бизнис-весник „Ил соле 24 оре“ тврди дека двата фудбалски гиганти од Милано, Интер и Милан се на продажба и нивните газди подолго време бараат купувач.

Според информациите на весникот, кинеските газди на актуелниот шампион Интер, „Сунинг“ би ја прифатиле првата понуда која ќе пристигне, додека американската компанија „Елиот менаџмент“, кои го добија Милан по неисплатениот долг на претходниот газда, кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, никогаш не сметале дека клубот е долгорочна инвестиција.

Економската криза на „Сунинг“ групацијата не е тајна, посебно откако кинеската влада сакаше да ги ограничи вложувањата во странство по пандемијата на КОВИД-19, а компанијата претходно го растури својот кинески клуб, Џиангсу Сунинг неколку месеци откако ја освоија титулата.

„Елиот“ пак, откако го „наследија“ Милан најважно им беше финансиски да го стабилизираат клубот и да го направат поатрактивен за следна продажба, секако со профит. Сега, посебно со парите од Лигата на шампионите, американската компанија смета дека е потребно да се најде нов долгорочен сопственик.

Share
Scroll to Top