Шок во Хрватска, ватерполистите останаа без медал во Токио

Шок во Хрватска, ватерполистите останаа без медал во Токио

пред 3 години

Најголемите фаворити за златниот медал, според обложувалниците, ватерполистите на Хрватска, го завршија својот настап на олимписките игри во четврт-финалето.

Во последното четврт-финале на турнирот, Унрија ја победи Хрватска со 15:11. Унгарија за место во финалето ќе се бори со Грција, во второто полу-финале ќе играат Шпанија и Србија.

Катастрофалната игра во одбраната ги однесе Хрватите во пораз. Во втората и третата четвртина проимија девет голови. Никогаш досега Хрватска не примила 15 голови на еден натпревар.

Кристијан Манхерц беше нерешлива енигма за хрватските ватерполисти. Тој седум пати го совлада голманот Бијач. Лука Букиќ со четири гола беше најефиксниот Хрват во базенот.

Полу-финалните натпревари ќе се одиграат на 6.август.

Share
Scroll to Top